Целосна кармакараша

Која е правата вистина  од вчерашниот театар кој ни беше приреден во дворот на  А1 ТВ  (Перо Наков бб) од страна на новинарите и полицијата? Никој нормален човек не знае, освен се разбира партиите и нивните верни партиски војници без разлика на која политичка провинциенција припаѓаат и кои ја имаа улогата на дежурни чувари за одбрана на демократијата во Македонија. Дали навистина вчера беше извршен упад во А1 ТВ од страна на  полицијата? За едни класичен начин на кршење и изумирање на последните остатоци од  демократијата во Македонија, за други пак невидена  манипулација со народот во Македонија. Дали навистина полицијата брутално тепаше новинари на Перо Наков бб како што беше драматично пренесено многупати вчера на А1 ТВ? И тоа никој не знае, освен што тие биле “тепани“ и полицијата што ги “тепала“. Зошто му беше јавно и најдрзок начин пред камертите на  А1 ТВ ускратено правото на портпаролот на МВР, Иво Котевски  да се доискже до крај   за вчерашните случувања во А1 ТВ, за да подоцна биде повикан во СИТЕЛ ТВ и на вонредните вести на Латас ја каже неговата “вистина“? И за тоа ниеден  нормален човек не знае. Освен Борјан Јовановски и Латас. Дали беше извршен навистина упад вго А1 ТВ на Перо Наков бб ( не е ова наша пепица или шехерезадка.Како кој милува) или навистина и беше попречено на инспекцијата на УЈП да си ја врши својата работа во финансиските книги на шесте фирми  сите сместени на Перо НАков бб ( не ми се верува која случајност). И тоа никој не знае. Освен Велија, кој никако да се појави во јавноста и Горан Трајковски  директорот на УЈП. Дали народот што “спонтано“ беше дојден да ја брани и чува демократијата во Македонија беа обични граѓани или секогаш првата резерва на политичките партии? И тоа никој незнае. Освен политичката опозиција, се разбира. Дали некогаш ќе се дознае правата вистина за вчерашните случувања на перо Наков бб?  За другите не знам што мислат, но јас за себе си знам. Никогаш.


Share this article

Follow this blog

26/11/2010. политика.



7 Responses to “Целосна кармакараша”

  1.   nil Says:

    кармакараша.???.. не би рекол..!
    мислам дека се беше испланирано …..

  2.   nesonija Says:

    МОЖАТ ЛИ НЕКОИ ДРУГИ ФИРМИ , ОСВЕН НА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ И СЛИЧНИ НА НЕГО ДА НЕ И ДОЗВОЛУВААТ НА ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ДА ИЗВРШИ КОНТРОЛА НА ДОКУМЕНТОТЕ И ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА???
    ЗОРИВ….ОЧИГЛЕДНИ БЕА ГЛУМЕЊАТА НА НОВИНАРИТЕ ОД А1, ПЛУС КАКО БЕА ПОПРЕЧЕНИ ИСТИТЕ ТИЕ НОВИНАРИ КОГА СИ ПРАВЕА ОТВОРЕНА ПРОГРАМА СО МНОГУ ГОСТИ И СИ ПЛУКАА КОЛКУ ШТО САКАА СИТЕ ЗАЕДНО…ПЛУС САКАМ ДА ГО ИСКОМЕНТИРАМ ДОАЃАЊЕТО НА РАДА ШЕЌЕРИНСКА….КАКО НА НЕКОЈ МИТИНГ НАСМЕАНА И СЕ РАКУВА СО ПРИСУТНИТЕ….КОЛКУ СЕ СИТЕ БОЛНИ ЗА ВЛАСТ ТОА Е НЕВИДЕНО МЕСТО. ИСТИТЕ ФАЦИ СО ГОДИНИ НИ ПРОДАВААТ И ДЕМОКРАТИЈА И НЕ ДЕМОКРАТИЈА И ВИСТИНИ И НЕ ВИСТИНИ … И СИТЕ МОЌНИЦИ СИ ОТВОРИЈА СВОИ ТЕЧЛЕВИЗИИ ЗА ДА СИ РАБОТАТ СО БИЗНИСОТ НЕ ПРЕЧЕНО, А ПРЕКУ СВОИТЕ ТВ ДА СИ ПЛАСИРААТ КАКВИ САКААТ ИНФОРМАЦИИ…ПО ПОТРЕБА…ПОЗДРАВ ОД СТАРИОТ БЛОГ ПРИЈАТЕЛ ДО ТЕБЕ.

  3.   sbepot Says:

    Мене ова ми личи на нов циркуски серијал! Тоа е само `пософистицирана` варијанта на `ово-бато-губи-а-ово-добија`! Во недостиг на `леб` за народот тоа се компензира со поевеќе циркус! Во меѓувреме, поединци – и од обата табори, верувам – изнесуваат милиони (злобниците велат и милијарди) евра во странски банки. Но, има и колатерална шета, од типот на таканаречениот новинар борјан (на читателот оставам да претпостави дали малата почетна буква во неговото име е случајна), кој не само што си ја симна `цената`, туку – очигледно – ги симнал и `гаќите`…
    На здравје бричење!

  4.   ;-) Развигор » Аферата Опсада ја рестартираше блогосферата Says:

    [...] Зорив: Целосна кармакараша * [...]

  5.   cybersacralspace Says:

    Во просториите на Перо Наков бб може да има и терористичка ќелија, но заради правата на новинарите кои исто така работат таму неможе да влезе власта без да им ја загрози слободата …. ајде демократи куранот во рака и на аџилак во мека и со среќа демократијата во шеријат

  6.   zoriv – Пародија од третокласен филм (Посветено на завчерашната кармакараша во Скопје) Says:

    [...] Балканот, Бугарија, Романија и Грција. За завчерашната кармакараша која се случи во Скопје, Balkan Insight ја нарекува B-Movie [...]

  7.   zoriv – Хронологија на една кармакаша Says:

    [...] О сврт кон постот Целосна кармакараша…. [...]

Don't be shy, leave a comment...

You must be logged in to post a comment.