Ново Скопје-сон или јаве?

Еве ја долгоочекуваната визуелизација на Скопје која беше денес свечено претставена. Зад нас остануваат сите спекулации што,каде и како ќе биде изградено во строгиот центар на град Скопје, столицата на Република Македонија. Не се ова некои аматерски фотошоп експерименти како што често ги гледавме за идната слика на центарот на Скопје. Се’ е професионално направено, a на Вам драги блогери Ви останува да видите како ќе изгледа Скопје со едно многу смело ветување, дека овој сон или јаве ќе биде за следните пет години. Не навлагам од архитектонски аспект, дека немам појма од тоа, али вака на око стварно убаво делува.
Но се’ се плашам дека сето ова глатко ќе оди во оваа денeшна политичка и економска ситуација во земјава. Ја нема Бурмали џамијата, на нејзино место ќе биде резиденцијата на Градоначалникот на Скопје…., пари се нема, а се’ плашам и од онаа изрека што беше пред едно четириестина години наназад во бившатa ни држава, СФРЈ. “ Трепча ради, Београд се гради“.
Но да ја оставиме реалноста за момент и да го видиме барем вака на слики ново изградено Скопје. [Не е на одмет да гопрочитате и овој пост (Скопје требаше Manhattan да биде)]

Визуелен поглед на Скопје од зградата на МЕПСО

Визуелен поглед кон Плоштадот Македонија

Поглед кон големиот споменик на Александар Македонски. Во позадината е Ристиќевата палата, десно е зградата каде денес се наоѓа кафаната ЛОНДОН а десно а десно на крај е хотелот од ланецот на Marriott International

Собранието на Македонија со новопоставената купола. Пред собранието е споменикот на Никола Карев

Истата ситуација од друг агол на посматрање.

Градската Порта, нешто слично со асоцијација на Париз и Берлин

Контроверзната Црква Свети Константин и Елена на почеток помеѓу бившата НАМА и Дал Фуфо

Хотелот Marriott International на сегашното зеленило пред Мак. Телекомуникации и МЕПСО гледано од агол од МЕТРОПОЛ

Уште еден хотел до хотелот Marriott International а десно е Резиденцијата на Градоначалникот и матичната служба ( архитектура иста од стариот Офицерски дом) гледано од терасата на Дал Фуфо

Резиденцијата на Градоначалникот и Театарот и Музејот на револуцијата се во низата објекти од левата страна од Вардар.

Спомениците на Гоце Делчев и и Даме Груев. пред Камеиот мост од страната на Плоштадот Македонија

Театарот и Музејот на револуцијата се во низата објекти на левата страна од Вардар погледнато од Кале

Новиот мост ОКО кој ќе ги поврзува двата дела на Скопје, десно е дел од Уставниот Суд

Уставниот Суд, Агенцијата за електронска комуникација

Уставниот Суд, Агенцијата за електронска комуникација, Обвинителството и финансиската полиција
29 Responses to “Ново Скопје-сон или јаве?”
Don't be shy, leave a comment...
You must be logged in to post a comment.




























февруари 4th, 2010 at 23:34
конечно сонот да стане јаве
пола и више од градбите се веќе почнати. Спомениците се готови уште се очекува финализација
февруари 4th, 2010 at 23:39
Зорив Сон е .А зградана на Пелагонија ќе се руши?
февруари 4th, 2010 at 23:41
Ne. Ce ja renoviraat fasadata.
Pozdrav
Z
февруари 4th, 2010 at 23:41
И тоа кошмарен…
февруари 4th, 2010 at 23:53
se izvinuvam, ima lapsuz, ona e mostot na umetnosta sto ke se pravi, a ne mostot oko. Povtorno se izvinuvam za vakviot upad, se nadevam deka nema da mi se lutite
inaku, mislam deka Skopje izgleda kako mesavina. Od edna strana e slicen na Pariz, od druga na Rim, ima elementi na grcki Partenon, se na se, katastrofa. Samo mi se svigja ona Oficerskiot dom sto pak ke go napravat tuka i sto maticnoto tamu ke go smestat.
Blagodaram
февруари 4th, 2010 at 23:55
Ми се чини дека симпатизерите на ВМРО ќе велат дека ова ќе биде СУПЕР, а симпатизерите на СДСМ и дружина ќе велат дека ова е ОЧАЈНО…
февруари 4th, 2010 at 23:59
Ne,naprotiv kivi, bas mi se dopadjaat vakvi komentari kako tvojot koj ne se optovareni so nekoi politcki ubeduvanja, tuku si kazvas ona sto mislis. Ete jas svoeto go rekov. Mene mi se dopadja, no kolku e seto ova vozmozno da se realizira celosno.
Pozdrav
Z
февруари 5th, 2010 at 00:00
Дека на секој што ќе пофали нешто веднаш може да му се контрира… ќе дадам еден пример. Сите што се изјаснуваат за офицерскиот дом велат дека тоа ќе биде супер. Неодамна читав еден патепис од една англичанка која што со нејзиниот маж го посетиле Скопје нешто пред втората светска војна. Тие не можат да најдат доволно грди зборови за да го опишат офицерскиот дом!?! И, сега… што правиме?
февруари 5th, 2010 at 00:11
Ѕверу,што се однесува за таа ладната госпожа ( што би рекол Pincher Barnet)od Anglija i nejziniot maz, da ti kazam vaka muski. I toa me zabole, so oprostenje na izraz.
февруари 5th, 2010 at 00:15
Зорив, офицерскиот дом го гледам и низ призма на сеќавањата на мајка ми што таму одела на игранки. Треба само да ја чуеш со каков занос зборува за лустерот/лустерите… светлината… увавината…
февруари 5th, 2010 at 00:21
Со сета почит кон Твојата мајка, Значи жената паметно си размислуела а не како како овие енглескиов пар што погоре ми ги спомна. Батали ги тие. Тие се самобендисани и затоа уште возат обратно од цел паметен свет. Само не знам зашто и Јапан наопачки возат, а за Индија и Австралија јасно е. Земји од Commonwealth-ot.
февруари 5th, 2010 at 00:46
Зорив, Сега малку и за наопачкото возење. Замисли дека јаваш коњ, и од спротива ти приоѓа пријател – исто така на коњ – и сакате да се ракувате. Дали ќе ви биде да се сретнете според принципот како што се разминуваат колите кај нас или по `наопачкиот` стил. Ако малку визуелизираш, и бидеш реален тогаш ќе речеш дека е логично да се однесуваме `наопачки`!!! Виновник за нашиот стил на возење е никој друг туку Хитлер. Тој за издал наредбата Rechts fahren! што на германски значи и `Вози десно` и `Вози правилно`. Значи… изгледа дека ние забегавме додека англичаните се строго рационални и практични…
февруари 5th, 2010 at 15:08
Мене, искрено, ми се свиѓа као ќе изглеа, со некои забелешки, али у глобала ми се свиѓа. Има премногу споменици, тоа се слагам…црквата на плоштадот, некако ќе го угуши, пошо и онака не е голем, а и у централно градско подрачје веќе има четири цркви (Св.Димитрија е на 100 метри). Мада, коа ќе видиш, црквата постоела, па е срушена со земјотресот….театарот и филхармонијата се врв. Триумфалната капија, т.е “Порта Македонија„ исто така ми е ок, само можеби може некое боље место да се најде, како и да е, ок ми е, сепак, тоа е мое мислење. Видов коментар горе, личел на Париз. Па нема само Париз триумфална капија, ако на тоа мислеше…иначе, не сум ВМРО-вец, напротив, еве ќе си кажам, член сум на СДСМ 5 години, ама секад сум знаел да ја пофалам власта, ако тоа што го прави ми одговара и ми се допаѓа. Па ништо чудно и да гласам за нив, што има везе…
февруари 5th, 2010 at 15:29
Малку е бајат стилот ама ајде ОК е ако го напраат ова капа им симињам. Скопското централно градско подрачје не е пипнато од 1963 и тогаш повеќе од пола не е изградено…Да ги прочиташ и да ги чуеш коментарите на странци шо доаѓаат у СКопје ќе ти стане страм шо си од тој град. Како и да е нема сомнеш многу поубаво ќе изгледа вака од сега дефинитивно.
Најголемо прашање се поставива што се случувало и зошто се случувало она што се случувало 1963-2010
февруари 5th, 2010 at 15:41
Partizanska uste li ce zavrsuva/pocnuva u zid?
февруари 5th, 2010 at 16:18
Ќе покренам иницијатива нована купола од Собраниено да се пренамени за Планетариум… ако тоа го направат се останато им простувам…
февруари 5th, 2010 at 16:27
промените се најприроднa состојба… проблемот е кога се пречести: не може да се фати живот… како и да е, скопје долго време немал системски,(не ад хок решенија), коренити промени во архитектонска смисла, а кои се производ на некаква замисла, идеја, цел (несреќниот земјотрес кој го сменил ликот на скопје од корен, не го сметаме)… таквите промени не треба да плашат… најголемите штети настануваат кога постои силен отпор кон промените што веќе се случуваат… тогаш работите остануваат недовршени и сите живееме во архитектонска мизерија, во каква што всушност сега е скопје (се разбира освен ако целта не е да се одржува таквата мизерија и тоа статус кво, до некое „подобро“ време, до некои „подобри“ луѓе, кои некако успеале да ја испуштат својата шанса)… какво фајде од долго (а кај нас долго значи повеќе децении)размислување, премислување, реј-бан футуристички експерименти, сегментирано колажирање од wanna- be градби, и жива еклектика? вака, макар и само со фасадирање, тоа влегува во еден систем, макар погрешен ни се чинел, анахрон на нашата традиција и сл. … јас би бил исто така среќен кога во центарот, или на плоштадот би била застапена и старата градска македонска архитектура која ја има по целиот медитеран, но тоа излегува од рамките на понудениот систем: ако сакаме да бидеме автентични, таму треба да ја бараме насоката, но… ми се наметнува прашањето, дали е подобро скопје вакво: трчи… трчи… трчи: зграда, ливади на плоштадот, ливади по главните улици, или треба да претставува некаков систем, некаква структура (макар ни се чинела и погрешна)… архитектурата е тесно врзана со психологијата и менталитетот: нашиот човек никогаш не мислел Големо… куќите по селата, некогаш и сега, ни се како луѓето кои ја работат земјата: мали, накривени, спечени од сонцето, набиени, запоставени (со ретки „просветителски“ и мегаломански тенденции), минималистички, одраз на една лична негрижа и незаинтересираност, обременети со реквизити од стварноста (надворешно и внатрешно)кои ја поддржуваат свеста за немоќ, безизлезност, болежливост, плашливост, несигурност и потребата за компензација на внатрешниот ред и мир со исфрлање на естетскиот момент како напад, закана, вишок…
дури и да е погрешен (а од денешна перспектива тоа не можеме да го знаеме и тврдиме), овој проект за мене претставува желба да се промени таа состојба, и поради тоа сметам дека треба да добие поддршка (многу капитални објекти низ светот се изградени во крајна немаштија, па тоа не е изговор поради кој денеска не им се восхитуваме)… ако постои проблем, тој не се решава со игнорирање, и оставање за подобри времиња, тој не се решава ни со трупање и чекање да се реши сам од себе, како што не се решава ни со отварање на нов проблем: сега имаме дебата и пожелно е сите конструктивно да се однесуваме и да придонесуваме (без списоци на желби, и без ан блок негација и критизерство)…
поздрав…
февруари 5th, 2010 at 17:13
Зорив во контекст на горниот коментар, и те молам извини што ќе се изрекламирам кај тебе на блог
http://algorit007.blog.mk/2010/02/05/planetarium-inicijativa/
февруари 5th, 2010 at 17:31
Зорив, си прочитал ли некогаш пофалба од оние што постојано критикуваат? Не знам дали им е во крвта или бранат нечија опција, но станува симптоматично.
февруари 5th, 2010 at 21:25
Откако на Партизанска и ја ставија Тiffany на мудрите им текнува дека можеби нема да е лошо решение таа затка да се извади! Откако Пенов го поплочи плоштадот на некои може им текна дека кога беше раскопан можеше да се ископаат некои поголеми канали во кои ќе се ставеа големи цеФки – и ете ти лесно поминување низ центарот! Коце спомна дека би сакал да се коцка со коцките… и навлече само злобни коментари. Ако додадеше дека пред да ја врети коцката има намера да направи тунел под плоштадот… ќе имаше многу повеќе подршка.
февруари 5th, 2010 at 23:06
Мене ми се допаѓа оваа визија за изгледот на центарот во Скопје, иако ми е малку пренатрупано. Не ми се допаѓа само триумфалната капија, несоодветна ми е. Би било многу поубаво и повпечатливо (а и автентично) доколку на тоа место се изработи уметничка градба во форма на типична македонска порта (отворена).

Би сакала и во Кавадарци нови фасади во центарот, или бар некоја уметничка скулптура која ќе го разубави просторот. Вас во Скопје ионака што и да ви направат не ви се допаѓа, невидени мрчатори сте. И досеа се плаќале даноци ама не сме виделе ништо изградено… којзнае каде оделе парите…
Се надевам дека Министерството за култура ќе започне следен проект „споменици во сите градови“ оти не е Министерство за култура на Скопје туку на Република Македонија
Поздрав Зориве
февруари 5th, 2010 at 23:21
Dakle, pocelo je i kod nas ” Trepca radi, Beograd se gradi”.
A zoriv pisal vo postot:
“… се’ плашам и од онаа изрека што беше пред едно четириестина години наназад во бившатa ни држава, СФРЈ. “ Трепча ради, Београд се гради“….”
Pozdrav i tebe oksimoron
Z
февруари 6th, 2010 at 08:34
браво конечно нешто величествено да се гради.
февруари 6th, 2010 at 08:51
Добро е кога се гради, а овој простор редно е конечно да биде осмислен и изграден.
Тоа не е само центар на метрополата, тоа е центар и лик на државата!
Колку години уште треба да стои така недефиниран и за срам на сите нас?! Па ако центарот не можеме да си го уредиме и осмислиме, што за народ сме ние тогаш?! Исто како дупките пред собрание, на тротоарот, кога таму не се средуваат каде ли?!
Силуетата на центарот е одлична, можат само да мрчат, но гледаат и самите дека е добро и квалитетно осмислена!
февруари 6th, 2010 at 12:16
Неколку денови не бев во можност да ја пратам дебатава поради технички проблеми, ништо од блогерајов не ми отвораше. Мој став за сето ова – деновиве се изнаслушав разни коментари – од најпозитивни, до најнегативн, до поделени од типот тоа треба – тоа не, илипак “абе не е се ок, ама барем се гради”. навистина е тешко човек да изгради мислење од една идеја и визија, па мојот коментар е “времето ќе покаже”. Препорачувам да ја прочитате колумната на Гоце Трпковски, уредникот на скопската редакција на Нова Македонија, објавена во пекот. МИслам дека е интересно да ја прочитате. Поздрав
февруари 6th, 2010 at 18:22
Искрено можеби и не изгледа лошо но знаете зошто?Затоа што сето ова веке постои и е измислено,и триумфалната порта Македонија(која како што пишуваш зорив ја има во Берлин и Париз) и големата фонтана во центарот на Скопје(нешто слично на онаа во Италија во Рим осевн што е додаден споменикот на Александар Македонски) па да не зборувам за палатите од левата страна на Вардар чинам, па тие се се кич до кич од барок до антика и ренесанса,се тепаме со грциве за името а градиме партенон во сред Скопје и од тоа ли патриотизам произлегува или ке го прајме скопје Швајцарија каде што има од се по нешто и сме неутрални? Ма дај се сложувам кога ке е време кога ке има повеке пари и да се трошат на вакви потези и подвизи на некоја влада, но во време кога уште никој во светот не е целосно излезен од криза и во време кога се бараат средства и пари за нови вработувања ние трошиме за нешто веке видено секаде во светот мислам дека Скопје ке стане синоним на КИЧОТ.
Позз
февруари 6th, 2010 at 21:04
AHAHAHAHAHAHAHA… DA! TACHNO VAKA KE BIDE!!! AHAHAHAHAHA…. NE SAMO OVA NEGO KE IMA I SVEMIRSKI BRODOVI NASEKADE, A OD FONTANITE KE TECHE CHOKOLADA!
февруари 7th, 2010 at 12:03
[...] Related topic [...]
февруари 8th, 2010 at 15:21
[...] ја земав од приказот на Мастер планот Скопје 2014 кај Зорив, па го истакнав делот за кој никој досега ништо не [...]