Македонија во 2006 година
Ова се најглавните настани кои ја карактеризираа 2006 година во Македонија*:
ЈАНУАРИ
Со протести во Скопје, здружението „Глас за светлина“ ја почна акцијата против продажбата на ЕСМ дистрибуција
ФЕВРУАРИ
Кулминираше аферата „Бачило“, кога на овчарот Иснифарис Џемаили државата му плати 730.000 евра отштета за бачило наводно гранатирано во 2001 година
МАРТ
Владата и австриската компанија „ЕВН АГ“ го потпишаа купопродажниот договор за мнозинскиот пакет акции на „ЕСМ дистрибуција“
АПРИЛ
На Македонците од ОМО „Илинден“ и Омо „Илинден“-ПИРИН, кај манастирот Рожен во Бугарија не им беше дозволено да одржат собир за чествување на 91-та годишнина од загинувањето на Јане Сандански
МАЈ
Елена Ристеска во конкуренција на 24 земји го освои 12 место на Евросонг 2006 во Атина
ЈУНИ
На Си-eн-eн почнаа да се емитуваат два промотивни рекламни спота за Република Македонија што ќе можат да ги видат 117,5 милиони домаќинства во светот што ја следат програмата на таа американска телевизиска мрежа*
ЈУЛИ
Се одржаа парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ победник на парламентарните избори*
АВГУСТ
Собранието на Република Македонија со 68 гласа за и 22 против ја избра новата Влада на премиерот Никола Груевски
СЕПТЕМВРИ
Д-р Срѓан Керим номиниран за кандидат за претседател на Генералното собрание на ОН
ОКТОМВРИ
Поставен камен-темелник на фабриката за електорнска према на „Џонсон контролс“ во Бунарџик.
НОЕМВРИ
Радмила Шекеринска избрана за претседател на СДСМ на вонредниот партиски конгрес
ДЕКЕМВРИ
МВР заплени три камиони со неупотребувано оружје што во Бугарија се извезувало како старо
Имаше уште многу афери, апсења (се отвори Пандорината кутија на градежната мафија во Македонија ), спортски настани, концерти, но горенаведениве случувања се како основа и реакција за се друго што се случуваше во минатава 2006 година
* Хронологијата на настанитее е превземена од ДНЕВНИК
Слики за мал квиз



Што мислите, каде се направени овие фотографии?
На некој селски сточен пазар? Не.
На некој планински сточен пазар? Не.
Под падините на Попова Шапка? Не.
Во некое војводинско село? Не.
Во околината на Скопје во Маџари кај ат апазарот? Не.
Негде под Малешевските планини? Не
Во Батинци накај Марков Манастир? Не.
Добро да не ве замарам повеќе. Сликиве ги направив денес на 30 Декември, 2006 година во 14.30 часот на не повеќе од 300 метри од строгиот центар на градот, поточно кај најпрометниот сообраќаен надвозник кај Битпазар. Не ви се верува? И мене не ми се веруваше, но тоа е тоа.
Амбиент прекрасен. Народ колку ти душа сака. Овци и кози колку ти душа сака. Крави и волови колку ти душа сака. Скара колку ти душа сака со печен суџук, леб и лименка кока-кола. Тоа е нашета модерна и европска метропола Скопје во пресрет на новата година кога го очекуваме датумот за преговори за влез во Европската Унија.
А сликата да биде повеличенствена, покрај ова богатство од животни на продажба поминува транзитниот булевар, Југославија ( Пластичарска улица ). Додека ги правев овие слики два полни грчки автобуси одеа најверојатно кон Охрид. Колку Бугарски, Грчки, Српски авотмобили и автобуси го виделе ова денес не се знае. Но сигурно едно знам, дека со вакви слики од Скопје, ЕУ може да ни биде само добра и пуста желба. И ништо повеќе.
Дали тоа Владата повторно му прави некои опструкции на Трифун Костовски да го спречи овој срам на градот, навистина не ми е јасно.
… Па нека Ви е Среќна Новата 2007 година и побериќетна со овци и волови драги мои блогери и Скопјани. 
Садам Хусеин обесен

Ноќеска е извршена смртната пресуда со бесење врз Садам Хусеин. Местото на егзекуцијата не е познато. Kако што јавуваат странските новински агенции, Хусеин пред чинот на смртната пресуда бил многу смирен и со никакви знаци на страв и нервоза . Пред извршувањето на казната му било дозволено на последнa малa и краткa молитва. После тоа е извршена егзекуцијата без да му биде покриена главата по негово барање. Сеуште не се знае дали егзекуцијата е извршена во Американскиот затвор или надвор од него.
Политичко циркуска тактика

Со доаѓањето на Радмила Шеќеринска на чело на СДСМ како да почнаа некои нови и свежи ветрови во оваа партија.
Наместо со конструктивни критики кои “држат вода“ да и’ опонираат на власта, изгледа дека на Бихаќка 8 е направена сосема нова стратегија и тактика. А тоа е, во која противникот во секоја ситуација ќе биде напаѓан и навредуван без никаков пардон , етикетирајќи го понекогаш дека дури е и помалку фашизоиден.
Најверојатно за овој дел од тактитаката највеќе ќе биде ангажиран новото засислување директно испратено од Кабинетот на државата, Игор Ивановски, звани Шема, па се до циркузантските потези од типот на делење новогодишни детски пакетчиња на својот противник. Како главен актер, бар за почеток кој ќе ги забавува граѓаните, новинарите и сите Амбасадори е најекспонираниот во последно време Сеад Рахиќ. Премиерната претстава беше во Собранието на Македонија, каде Рахиќ му подарува детско новогодишно пакетче на Владо Ѓорчев. Што беше поентата за оваа пародија во Собранието знаат само СДСМ.
Но доколку СДСМ мисли дека со вакви евтини детски финти да продолжи и во иднина на овој начин да си го зголемува катастрофалниот рејтинг од 8,5% наспроти 25-те % на ВМРО-ДПМНЕ популарност меѓу граѓаните, тактиката е крајно погрешна.
“Село гори баба се чешла“
Наместо да им предложи некоја попаметна идеја или проект на советниците на градскиот Совет, Трифун ( градоначалник, бар за мене градот Скопје нема и затоа не му го дозволувам тој епитет ) денес бараше нивна согласност за неговиот предлог по втор пат водата да се поскапи ни помалку ни повеќе за 100%. Првиот пат овој негов предлог беше одбиен некаде во средината на октомври.
Се чувствуваше некоја поголема нервоза кај него пред ТВ камерите со кој ги нападна сите советници, со изјава дека негласањето на неговиот предлог е популистичка одлука. До вчера главна сопка му беше новата Влада, а од денес и советниците. Од утре најверојатно и ние, граѓаните ќе му сметаме.
Драги мој Трифуне, како граѓанин на граѓанин да ти се обратам и да те прашам, бидејќи сигурно многу, многу повеќе од мене имаш шетано ширум светов. Кој градоначалник пред три-четири дена од новогодишните и католичките божиќните празници на брзина го кити главниот град на било која држава? Не оди ништо подалеку. Види го уште пред 10-ина дена како градоначалникот на Охрид го направи градот да биде. Како град од бајките. Скопскиот градоначалник може да учи од многу други градоначалници од земјава. За надвор од неа, нема место за компарација.
Дали и за тоа ти се виновни Владата и советниците драг мој сограѓанину?



























