Внимание, пијандури на пат

Attention-Drunks
Achtung-Betrunken
Внименаие-Пијандури на пат
Локалната самоуправа на малиот романски пограничен град, Пецица кој се наоѓа на само 13 километри од Унгарската граница, донела одлука за поставување на нов сообраќаен знак кој досега не е поставен во ниедна земја во светот и воопшто не се наоѓа во номенклатурата на сообраќајни знаци во Виенската конвенција за сообраќајни знаци од 1968 година. Тоа е знакот кој спаѓа во групата на знаци за опасност и е со значење Внимание-Пијаници. Знаците се поставени во делот на градот каде се лоцирани голем број барови, ноќни клубови и ресторани.
Како што пишува денешен Telegraph , градоначалникот на ова мало погранично место се одлучил за ваков знак поради големиот број на сообраќајки кои се случувале поради невнимание на пијаниците што се движат низ улиците. Иако многумина мештани се противат на оваа одлука, најверојатно гледајќи се самите себе си во тој нов сообраќаен знак, градоначалникот останува цврсто при својата одлука, убеден дека треба да се предупредуваат возачите за “пијандури на улица“ поради богатиот ноќен живот во ова мало, но многу прометно градче со што ќе придонесе до многу позитивни за кратко време резултати како и смалување на бројот на сообраќајните несреќи.
Теchnorati tags: New street sign Attention – Drunks zoriv
Ѕо lоng forever 2 bееrs
Знае тој многу фино зошто …..
Папандреу го чита zoriv.blog.mk
По се изгледа дека грчкиот Премиер го чита блогот на zoriv.blog.mk па овој мој пост му дошол како корисно четиво а и лајтмотив за да вчера изјави за ВВС дека САД треба да помогнат во запирањето на шпекулативните трансакции на меѓународниот финансиски пазар, кои според него се виновни за „влошувањето на должничката криза“ во неговата земја.(ИДИВИДИ ). Доколку внимателно го прочитате целото интервју на BBC online , убеден сум дека г-инот Сорос и неговите пајташи од “idea dinner” ронат крокодилски солзи и удираат глави во ѕид од жал за смртниците низ цеелиот свет кога ќе ги прочитаат овие “срце парајуќи“ зборови на г-инот Папандреу.
Еве како г-инот Папандреу патетично и театрално ја објаснува оваа ситуација: “ Непринципиелните шпекуланти прават секој ден милијарди долари во нивна корист кладејќи ( credit default swap – CDS м.з ) се на моменталната грчка кататрофална економска ситуација. Затоа крајно време е Европа и САД да речат “ доста е веќе“ на овие финансики шпекуланти кој со краткорочните влогови вртат голема пара предизвикувајќи несогледиви последици за поголемите еконоимски системи, а да не спомнувам за многуте човечки судбини и трагедии што ги снаооѓаат во вакви моменти со губењето на работните места, нивните домови и смалување на пензиите….“
Шмрк, шмрк …., ми се наежи кожава од вакви душобрижнички изјави , па дури и јас во моментов се расплакав на вакви топли и искрени зборови искажани од еден политичар…. ( кад би се зезали )
Позната работа, но сега најверојатно и докажана
![]()
Комјутерска симулација на астероиден пад на Земјата
Ударот на гигантско голем астероид во земјата е единственото можно објаснување за изумирањето на диносаурусите, што вчера еднаш за секогаш го решија ова прашање голема група на научниви (41)собрани од
целиот свет.Оваа голема голема група на научници составена од врвни и светски палеонтолози, геохемичари,
климатолози и геолози ја проучуваа најголемата мистерија на земјата повеќе од дваесет години за изумирањето на сите видови диносауруси наречена Cretaceous-Tertiary што се случила пред ни малку ни повеќе туку “само“ 65 милиони години наназад. Единствената дилема помеѓу научниците била дали изумирето на овие праисториски џиновски животни е судирот на гигантскиот астероид со земјата или пак вулканската активност нареченена Деканските стапици во Западна Индија или пак целата денешна територија на Индија. Овие активни вулкански активности во тоа време биле една многу долга серија на супер вулански ерупции кои треле цели еденипол милион години.
Оваа група научници после долги истражувања дошле до заклучок дека тој кобен астероид за планетата Земја бил широк некаде околу 15 км и со сета своја сила и маса како и со oгромната брзина на движење во тој момент паѓа директно во местото Chicxulub, денешно Мексико. После овој судбоносен пад настанале големи пожари, земјотреси со јачина дури од 10 Рихтерови степени со што се предизвикани ненормално големи цунами а после оваа катаклизма на земјата следувала ледената доба. Само за споредба. Силата на овој астероид при паѓањето на земјата била за милијарда пати поголема од атомската бомба над Хирошима. Главната причина за изумирањето на диносаурусите била густата прашина полна со сулфур и чад која била создадена во атмосферата, со што земјата долг период од својата историја останала во темница, предизвикувајќи долга глобална зима, доволна причина да изумрат многу видови на жив свет од тоа време. кои не биле адаптивни на ваков природен начин на живеење. Овој период од земјината историја со изумирањето на диносаурусите (Cretaceous-Tertiary) и некои други видови на животински свет се клучен момент за создавањето на човекот кој низ целата историја што следи ќе стане доминанентен животински вид на планетатља Земја.
Извор* Reuters
Теchnorati tags:Deccan Traps Chicxulub KT extinction zoriv
Филм по мерка на Effo
Претпоставувам дека Effo има кабловска ТВ и ќе ужива во филмот на Антун Врдољак што ќе почне да се прикажува од 19 Март на HRT1 Телевизија каде се зборува за “злочинецот кој светот видел малку такви како Тито, а при тоа бил и многу циничен. Тоа не е филм против Тито, нити ми беше таква намерата. Тоа е историска вистина, а вистината е поразна“. Ова се зборовите на Антун Врдољак за Тито кој ги има дадено пред извесно врема за Слободна Далмација како известува денешниот 24 часа .
Филмот кој е сниман цели три години а целиот проект чини приближно милион евра при што се користени документарни и архивски материјали, како и разговори со неговите современици, историчари и политичари. Сепак најинтересно во филмот ќе бидат играните делови каде најверојатно тука се прикажува Тито како еден од “најголемите злочинци што светот некогаш ги видел“. Во филмот учествува позната хрватска плејада на глумци, а главниот лик на Тито ќе го игра хрватскиот глумец Борис Свртан , а улогата на Јованка Броз и е доделена на Мирјана Рогина .
Инаку Врдољак уште сега си има направено добра реклама за филмот, бидејќи сите хрватски медиуми на големо пишуваат , а јавноста во Хрватска е веќе однапред поделена за овој филм.
Епа Effo сега со овој фиклм ќе имаш уште многу повеќе материјал за “ најголемиот злочинец на ХХ-иот век“ а не само со германскииот Build да ни докажуваше овде на блогерајов дека Тито е најголемиот злочинец во ХХ-иот век.
Извор* 24sata



























